Парада на противпожарни возила во Кавадарци

Од:

Парада на противпожарни возила ќе се реализира утре во Кавадарци, по повод денешниот ден на македонските пожарникари.

Како што информираа вечерва од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа, сите граѓани, особено најмладите, ќе можат одблиску да ги бидат противпожарните возила и да се запознаат со нивната намена.

– Целта е да се подигне противпожарната свест кај населението, со цел што е можно помалку пожари, рекоа од општинската прес служба, повторувајќи ја познатата изрека, дека подобро е да се спречи, отколку да се лечи.

Парадата ќе започне од кај зградата на граничната полиција во новиот центар, ќе продолжи кон плоштадот и првиот триаголник, а ќе заврши кај спортската сала „Јасмин”.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење