Пановски: Отстранување или легализација на „Воинот на коњ“ и порта „Македонија“

Од:

Споменикот „Воин на коњ“ и порта „Македонија“ се дивоградби и затоа треба да бидат отстранети или да бидат легализирани, вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски, кој беше дел и од Комисијата за анализа на проектот „Скопје 2014“.

Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Пановски посочува дека работната група за „Скопје 2014“ работи на принцип да ги утврди неправилностите при добивање градежни дозволи, односно процедуралните работи околу изградбата.

– Мислам дека во сите досегашни анализирани извештаи, скулптури, евидентиравме дека процедурите од почеток се противзаконски. На тој начин всушност сите градби кои што се од „Скопје 2014“, овие што сме ги истражиле досега, можеме да сметаме дека се дивоградби. Од самиот почеток онаа надлежност што ја има за поставување на споменици, ниту едно не е преку Собрание, кое што е надлежно за поставување споменици, сите скоро се поставени или од општина или од Град Скопје, од тој момент натаму се би требало да биде ништовно, рече Пановски.

Според него, треба да се работи подлабока анализа иако, како што рече, се нарушени сите тие законски процедури, треба да се навлезе во подлабока анализа што има во тие објекти, бидејќи во објектите во овој период поголем дел што сме го истражиле се скулптури. Во интервјуто вели дека во проектот се инвестирани поголема сума на пари, а на крајот што со тој дел ќе биде политичка одлука, а не стручна.

– Досега се изготвени извештаите за „Воинот на коњ“, порта „Македонија“ и онаа скулптура што е кај Министерството за транспорт и врски, каде што е фамилијата на Александар Македонски. За жал се уште не можеме да ги добиеме, толку е замрсена работата што проектите не можат да се добијат бидејќи не се знае каде се. Процедурално се водени така што одлуката на општината е под едно име, проектот е со друго име, дозволата е со трето име, вели Пановски.

Според него, одлуката е на власта дали ќе го почитуваат законот или не.

– Одлуката е дали ќе го почитуваат законот или не. Се знае и убаво е пропишано со бесправно изградени објекти како се постапува. Може да го пуштат на легализација, тоа е исто така одлука, бидејќи законот важи се уште. Општините може да ги легализираат тие објекти, но во моментот се дивоградби. Општините по службена должност треба да прашаат и кој ја издал градежната дозвола, која што не би смеело да се издаде, каде се тие луѓе и дали некој ќе одговара за тоа, смета Пановски.

Тој објаснува дека освен Скопје и цела држава има проблем со урбаното планирање. Смета дека урбаното планирање и архитектурата е сведена на изготвувачи на документација.

– Како држава вие имате Закон за градење и Закон за урбанистичко планирање, тоа значи вас ве интересира да испланирате нешто и да го изградите, како ќе го изградите како држава не ве интересира, бидејќи немате закон за архитектура. Оние кои треба да бидат лидери за нешто како ќе се развива се сведени на изготвувачи на техничка документација, израмнети сме и не знам зошто не чуди каков ни е градот, дури и добар ни е градот. Урбанистите во какви услови работат и колку се платени, феноменално изгледа градот и навистина се чудам како успева вака да изгледа, вели Пановски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Александар Велики, Олимпија и Филип Втори добија ознаки од грчката историја

Галена Николовска-Ризвановиќ

ФОТО: Олимпија фати морбили

Ана Ололовска

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Ана Ололовска

Јутарњи лист: Дрскоста на фалсификувањето на Скопје би ги шокирала и нескромните

Ана Ололовска

ВИДЕО: Започна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Муареми: Тодоровиќ ја плати штетата од 433 илјади евра на општина Центар

Ана Ололовска