По отворањето на истрагата „Империја“ на СЈО, со соопштение до медиумите се објави Цветан Панделески, директор на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ АД Битола.
„Компаниите кои што се во сопственост на фамилијата Панделески, и во минатото и денес работат според позитивните законски прописи во државата. Под полна одговорност тврдам дека нема никакво криминално работење во нашите напори, во услови во какви што се наоѓаме како држава, да обезбедиме што поголем број работни места за македонските семејства. Односот на нашите компании кон македонските државни институции и пред се пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност. “ – се вели во изјавата на Цветан Панделески.