Панчевски: Не сум врач, не се плашете

Од:

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски откако вчера објави Фејсбук статус со клетви, продолжи со објавување на недолични коментари.

Тој објавува фотографии од коментарите од луѓето кои го критикуваа неговиот пост со клетви.

– Сите се препознаа и се уплашија од клетвата. Абре луѓе не се плашете, не сум ни Џемс Бонд, ни врач, напиша Панчевски во еден од коментарите.

Помеѓу коментарите и статусите кои Панчевски ги објави напиша „Има уште што се најдоа погодени. Епа ве боли зборот, ама другото уште повеќе ќе ве здоболи“ и „Сега сите што се пронајдовте себе си вечерва ви честитам, па 2ри февруари е, утре на време да ги испиете лековите, а вечер слатки соништа. Кој се разбоуди, се разбуди…“.

Би можело да ве интересира

Апелација го одби барањето на Панчевски за изземање на Велешкиот суд

Жарко Настоски

Панчевски се бара со потерница

Кристијан Ландов

Полицијата не може да го пронајде Панчевски, за кого судот одреди притвор

Кристијан Ландов

Кривичен суд го доби решението за суспензија на Панчевски, но тој не се појави да го подигне

Татјана Ташкова

На судијата Панчевски му се заканува суспензија поради обвинението за АКМИС-от

Васко Маглешов

Судијата Владимир Панчевски осомничен за 2 кривични дела

Ана Ололовска