Панчевски, Башевска и Груевска го кочат расчистувањето со криминалот

Од:

Судот и Судскиот совет продолжуваат со праксата да одат контра препораките од Европската комисија и Венецијанската комисија.

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски кој и покрај сите скандали претендира да добие уште еден мандат, судијката од „Пуч“, Љубинка Башевска и судијката Дијана Груевска Илиевска, која е заменик претседател на Кривичниот суд повторно ја кочат работата на Специјалното јавно обвинителство наспроти препораките од Европската комисија, каде е наведено „Работата на СЈО е попречена од опструкции, недоволна соработка со институциите и недоволна техничка опрема“.

Во извештајот се забележани и партиските притисоци врз судството, како и лошото работење на Судскиот совет предводен од Зоран Караџовски, за кој е познато дека преку советот сака да му овозможи на Панчевски уште еден претседателски мандат во Кривилниот суд.

„Изјавената намера Судскиот совет дека ќе спречи мешање во работата на судиите не даде резултати во пракса. Препораките на Венецијанската комисија за реформи во дисциплниски мерки и разрешување на судиите не се применија од надлежните. Потребна е стратегија за управување со човечки ресурси. Во ноември 2015 година, Судскиот совет донесе одлука за намалување на бројот на судии од 700 на 636 без да биде направена проценка“, стои во извештајот на Европската комисија.

Во извештајот повеќе од три години се забележува непрезмањето чекори за деполитизација согласно „Итно реформските приоритети“.

„Не е доставен нов професионален систем на евалуација кој ќе се фокусира на оценување на квантитативните критериуми. Препораките на Европската комисија и Венецијанската комисија во оваа област се уште не се имплементираат“, се само дел од препораките кои се наведуваат повеќе од три години, а не се исполнети.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов