Палмер: Да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ – тоа е важно за Вашингтон

Од:

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, на видео конференција за евроатлантската интеграција на Балканот, во организација на грчката непрофитна организација „Грик Хаус Давос“ (Greek House Davos).

Како што јави денеска Гласот на Америка, Палмер истакнал дека САД целат кон мирен, стабилен и просперитен Западен Балкан во ЕУ и дека САД и ЕУ се партнери во промоција на стабилност и борба против корупцијата во регионот.

–Метју Палмер го истакна значењето од подобрување на односите меѓу Србија и Косово, и забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, соопшти грчката непрофитна организација, нагласувајќи дека Палмер го истакнал и значењето на Грција како регионален играч, но, и во поширокиот регион на Медитеранот.

На тркалезната маса, покрај други регионални лидери и амбасадори, учествувал и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, кој потенцирал дека нема друга иднина за регионот од европската. На тркалезната маса учестввал и косовскиот премиер Албин Курти кој ја пофалил грчката демократија.

Учесниците разговарале и за потребата од зголемена политичка одговорност по пандемијата, преку заштита на независноста на судските системи и зголемено учество на млади во политиката.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска