(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Од:

Бугарскиот премиер Николај Денков вели дека неговата влада нема причина да го смени ставот кон Македонија и очекува нашата земја да ги исполни обврските преземени од францускиот предлог.

Ова Денков го истакна во интервју за „24 часа“ –потенцирајќи дека ветото било укинато со тоа што се согласиле да се спроведе францускиот предлог и дека разговорите не се помеѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Македонија и ЕУ.

Запрашан дали бугарскиот став кон Македонија ќе се смени затоа што некои политичари во Скопје се надеваат дека може да се случи нов европски притисок кон Софија, Денков рече:

– Апсолутно не. Со спроведувањето на т.н Француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Она што се очекува е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени кон ЕУ. Нема причина да го смениме нашиот став – кажа Денков.

Би можело да ве интересира

Денков: Бугарија нема други барања кон Македонија освен договореното во „францускиот предлог“

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Бугарската политичка партија „Промените продолжуваат“ го предложи Николај Денков за кандидат за премиер

А1он