Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Од:

Германскиот Бундестаг недвосмислено ги признава македонскиот јазик, култура и идентитет, вели во изјава за Дојче веле пратеникот на Либералите (ФДП) Томас Хакер. Како дел од парламентарното мнозинство, Хакер е еден од иницијаторите на резолуцијата на германскиот парламент за Северна Македонија која деенска ќе се најде на дневен ред на Бундестагот.

Со оваа резолуција Бундестагот сака да ја охрабри Северна Македонија да го спроведе компромисот со Европската унија од летото 2022 година, вели Хакер, алудирајќи на договорот за вметнување на Бугарите во Уставот.

Германскиот пратеник нагласува дека влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес како на Германија, така и на ЕУ.

– Спроведувањето на компромисот нема да доведе до загуба на македонскиот јазик, култура и идентитет, како што стравуваат некои политички експонирани личности во Северна Македонија, смета Хакер. Според него, исполнувањето на договорот ќе му овозможи на Скопје да го отвори првиот преговарачки кластер, а тоа, како што посочува, „е од клучно значење”.

Во резолуцијата за која ќе гласа германскиот Бундестаг се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија, признание на македонската култура, идентитет и јазик, како и серија препораки за владата во Берлин. Меѓу другото, од сојузната влада се бара да влијае врз Бугарија да не го кочи пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и да не поставува дополнителни услови.

Хакер вели дека Северна Македонија е единствен пример во регионот за целосна подготвеност за евро-атлантската интеграција. Затоа со резолуцијата се бара и пристапниот процес кон ЕУ да се направи „поиновативен“.

– Ваков каков што е веќе со години, не може да продолжи. Затоа, на Северна Македонија и на другите земји кои искрено се залагаат за членство во ЕУ, мора да им понудиме атрактивни меѓучекори. Предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која сака да овозможи поблиско поврзување со земјите од Западниот Балкан со планот од четири точки, оди во вистинска насока, вели смета Хакер.

Според него, таквите чекори се должност кон земјите од Западниот Балкан, „а особено кон Северна Македонија“, затоа што уште сега е видливо дека кредибилитетот на ЕУ во некои земји не е бескраен.

Фото: ДПА

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска

Маричиќ: Ако не го смениме Уставот, сами би се блокирале во процесот за евроинтеграции

Кристијан Ландов