А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Паднаа“ становите во Скопје

by А1он31/07/2013 - 16:24263
Share0

генциите за недвижности предвидуваат дека цените на становите ќе паѓаат заради многуте новоизградени згради во Скопје.

Добивај вести на вибер

Агенциите за недвижности предвидуваат дека цените на становите ќе паѓаат заради многуте новоизградени згради во Скопје.

Дневник објави дека „во моментов слободни се околу 43 отсто од становите во зградите што се пуштени во употреба од почетокот на годинава и за кои се извадени имотни листови, покажува најновиот извештај на специјализираната консултантската куќа за недвижности „Фортон Македонија“.

Според нивните анализи, становите во Скопје сега се продаваат по 4,9 отсто пониски цени од втората половина на 2012, а Народната банка (НБМ) пресмета дека тие во првите три месеци од годинава поевтиниле за 5,5 отсто, односно дека станбениот квадрат поевтинил од 45 до 70 евра.

Па така, најевтините станови, кои првично се продавале по 850 евра за квадрат, сега би требало да се купат за 800. Тие што чинеле 950 евра, сега се околу 900, а тие од 1.000 евра паднале на 945. Најскапите станови од 1.200 или 1.300 евра за квадрат сега би требало да може да се купат за 1.150, односно 1.230 евра за квадратен метар.

Аналитичарите кои ги пренесува весникот предвидуваат дека трендот на намалување на цените ќе продолжи. Зголемената понуда, како и слабата побарувачка ќе ги притискаат инвеститорите и понатаму да ги спуштаат цените, односно тие ќе се приспособат на условите на пазарот и на достапноста на банкарските кредити.

Во Скопје пак во август се очекува почетокот на продажбата на становите од облакодерите во скопската населба Аеродром, каде во секоја кула има по 344 станови.

gradeznistvo

Би можело да ве интересира

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски16/06/2021 - 15:48

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски15/06/2021 - 16:4116/06/2021 - 00:14

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

А1он02/04/2020 - 15:43

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска05/11/2019 - 13:3906/11/2019 - 12:48

Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Ана Ололовска01/07/2019 - 13:11

Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Ана Ололовска04/10/2017 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен