„Отвори врата за иднината“ во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци отпочна проектот „ОТВОРИ ВРАТА ЗА ИДНИНАТА„ акде општинското раководство со кандидатот за градоначалник Бетиа Китев излезе на терен за да ги нотирааат проблемите на граѓаните.

Според опозицијата, проектот „ОТВОРИ ВРАТА ЗА ИДНИНАТА“ ги донел првите резултати, и сите помагагале во барањето излез со нови, чесни, некомпромитирани вредни млади луѓе, и укажувале на најгорливите проблеми за кои е потребно неодложно пронаоѓање решенија.

Опозицијата вели дека граѓаните кажуваат за „своите маки, сиромаштија, тортурата и угнетувањето од политичката власт, и дека ако се нема книшка на ВМРО-ДПМНЕ, се останува и без леб. Граѓаните се жалеле и за зголемените цени на артиклите неопходни за да преживеат, за неможноста да се платат сметките за струја, вода и слично, за немоќта да си купат по некој кубик дрва за да презимат во претстојната зима и безработицата која владее“.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он