Отворено писмо на Сања Раѓеновиќ: Кој го направи „Скопје 2014“, како на своја селска ливада и кого праша за тоа?

Од:

Претседателката на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, со отворено писмо до јавноста уште еднаш повикува на разум во намерата на власта, Градскиот трговски центар да се „барокизира“, таа пишува:

– Полесно е да се гледа во заблуда отколку да се открие вистината или возможно ли е да постои дилема за зачувување на ГТЦ?

„Зборот архитект на светските јазици има само едно, разбирливо универзално значење на слободна филозофско – естетска порака, функционално и технички стручно издржана. Архитект во формирање на сликата на еден град е генерал, а сите други се војници. Затоа архитектите го поставуваат прашањето има ли право некој да ја менува архитектурата освен архитектите? Има ли право некој да ја нарачува архитектурата на метри квадратни? Има ли право некој да диктира и да условува архитектонско обликување?

Секако дека во капиталното архитектонско творештво на еден град државата игра улога, точно е дека државата и се меша. Тоа не е страшно доколку се покаже доблест, здрав разум, умеење, образованост, почитување на стручност да се повикаат професионалци да го реализираат предвиденото. Да не должам многу, само ќе повторам на кратко. Во времето кога се создавал ГТЦ градоначелник бил Трајко Стојков, ентузијаст, доволно мудар да послуша, доволно храбар за пресметан позитивен ризик и доволно образуван да почитува. Затоа е распишан меѓународен конкурс за централното градско подрачје, меѓународно жири ги вреднувало трудовите, водено од Ернест Вајсман, како претставник на Обединети Нации. ГТЦ како визија произлегува од усвоената варијанта. Идејниот проект за нашиот ГТЦ е второнаграден на општо југословенски конкурс на кој се пристигнати 23 решенија.

Изградбата на ГТЦ почнува на 1 мај 1969 г. “комуњарски“, централниот дел е завршен на 29 ноември 1972 г.,пак “комуњарски“ датум. 1973 г. свечено е отворен со присуство на Претседателот на СФРЈ, уште еден “комуњар“.

Сопстевник на ГТЦ до 1996 г. е ЈП за станбен и деловен простор кое во 1996 г. го формира АД ГТЦ за издавање и продажба на деловен простор. Денес директор Аго Абазовски. Вкупната нето површина на деловните трговски единици изнесува 47.229 м2, или 546 деловни единици од кои 35.893 м2 или 465 деловни единици се продадени, што значи од вкупната деловна квадратура на објектот 80% е приватна сопственост. АД ГТЦ е доминантен сосптвеник зато што како негова сопственост се сметаат заедничките содржини и пешачките коридори во објектот.

Бидејќи Скопје е град на сплидарноста во неговата обнова и финансирање учествувал светот. ГТЦ е дел од таа солидарност. Ако го прашаме светот дали да остане ГТЦ автентичен дилема нема, одговорот е ДА. Затоа што е светски, затоа што со својата архитектура е актуелен и во 21 век. Направен е дваесетина години по втора светска војна. Што сакаме да му направиме денес дваесетина години по осамостојување. Каде тоа залутавме? Вистинското прашање е имаме ли право да го менуваме? Потребата од референдумот е само резултат на игнорирање на стручната јавност, непочитување, потценување на квалитет. Начин да се покаже дека постојат луѓе кои умеат да вреднуваат, ценат, кој разбрале. На вистинска архитектура не и е потребно да се раскажува и да се докажува кој е во право. Во архитектурата постои само една и единствена вистина, а тоа е изградениот објект. ГТЦ е убава вистина повеќе од 40 години. Кој не разбрал до сега нема ни да разбере, бидејќи не може и да сака.

А за тоа кој финансирал, кој приватизирал. Кој го направи Скопје 2014 како на своја селска ливада и кого праша за тоа. Како тоа што е наше стана негово. Тоа е некоја друга мачна тема.“, пишува Раѓеновиќ во отовреното писмо.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов