Отворена нова веб-страница за достапност на Националните црвени листи

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја отвори новата веб-страница за Национални црвени листи, достапна на „http://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/“.

Националните црвените листи, како што соопштува МЖСПП, се изработени во рамките на GEF/UNEP проектот „Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето”, каде се идентификувани и систематизирани 46 видови од Херпетофауна, водоземци и влекачи, а извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита.

-Изработката на Црвените листи е една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата во делот на зголемувањето на ефикасноста на заштитата и управувањето со компонентите на биодиверзитетот на национално ниво што воедно претставува и законска обврска, и е една од приоритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028, и Националната стратегија за биодиверзитет 2017-2023, информира МЖСПП.

Изготвените Национални Црвени листи, како што се наведува во соопштение, ќе имаат апликативна функција во секојдневната работа на МЖСПП, за спроведувањето на управните постапки за заштита, зачувување и одржливо управување со биодиверзитетот.

Активноста е спроведена во соработка со Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN ECARO).

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари