Во фабриката за фероникел „Фени Индустри“ во Кавадарци денеска се организираше седмиот „Отворен ден“. Заинтересираните граѓани имаат можност да се запознаат со постигнатиот напредок на фабриката во изминатите години, со производството, инвестициите…
– Овој отворен ден има тројна придобивка. Настанот има информативно-едукативен карактер и ги опфаќа сите засегнати страни. Овојпат посетители се младинците на Кошаркарската академија Фени Индустри, уште еден општествено одговорен проект на ФЕНИ кој го поддржува спортот и младите луѓе, и на кои ФЕНИ се посебно горди оваа година бидејќи го освоија третото место на македонскиот национален шампионат, рече Борка Петровска, менаџер на администрација.
Таа информира дека посетители се и практикантите кои во моментов извршуваат пракса во компанијата, а се од различни профили, како инжинери металурзи, машинци, електро инжинери, економисти, информатичарии…
– Практикантите се третата општествено одговорна категорија опфатена со овој настан, со што ФЕНИ ја демонстрира својата поддршка кон создавање стручно образувани и квалификувани кадри, рече Петровска.