(ВИДЕО) СИЕР: Градоначалникот на Кавадарци треба да се срами да излезе пред вработените на ФЕНИ поради неговото барање

Од:

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски ГСОЛ.

Адвокатот, Кристијан Поленак, правен застапник на ГСОЛ, соопшти дека ги прифатил сите забелешки за планот од стечајниот управниик. Тој од стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска доби рок од три дена да направи корекција на планот со забелешките, за тој да може да биде ставен на гласање.

Собранието на доверители на кое ќе биде гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ судијката го закажа за 4 јули.

И на денешното Собрание, претставниците на „Кунико рисорсис“ на „Енекод“ и на уште неколку доверители, ги повторија старите барања, побараа отфрлање на планот, сопирање на стечајот и впаричување на имотот на „Фени“.

Судијката Ѓорѓиевска, пред расправата за планот, посочи дека добила поднесок од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и од Советот на Општината. Не ја коментираше содржината, но нагласи дека судот нема да подлегне на политички влијанија.

Поднесокот од градоначалникот, според вработените во „Фени“ е во корист на бугарски „Минстрој холдинг“ кој се залага за впаричување на имотот и продажба на фабриката на јавна лицитација, иако стечајната постапка со реорганизација е во завршна фаза.

Пецо Ристовски, претседател на Синдикат на вработените во индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), кој го следеше денешното собрание, поднесокот од градоначалникот го оцени како срамен.

„Тоа е срамно за еден градоначалник. Очигледно е и можеби ќе звучи грубо, но тој е недозреан за вакви тешки одлуки. Да оди против тие што го избрале. Јас кога разбрав се изненадив, го немам видено писмото за да можам да коментирам, но самата постапка треба да го доведе во ситуација да се срами да излезе пред вработените на ‘Фени’, нивните семејства и сите оние кои индиректно на некој начин живеат од ‘Фени’“, рече Ристовски.

Претседателот на СИЕР објасни дена нивните барања поврзани со работниците во „Фени“ се исполнети, сите вработени се задржани на работа и редовно земаат плата што значи стејната постапка е успешна, фабриката рестартирана и нема потреба целата постапка да почне одново.

„Место денес да биде еден свечен чин, да се затвори рочиштето за ‘Фени’ одложена е постапката поради македонските навики на адвокатите и во последен момент нешто да се искомпликува, а се е завршено. Собранието ќе продолжи на 4 јули кога конечно ѓе се донесе одлука. Незадоволството беше од помалите доверители кои не си ги продале навреме побарувањата па купецот не ги обесштетува во онаа висина во која тие поскауваат и изнајдоа 300 начини, согласно закон, денес да не се донесе одлуката за прифаѓање на планот и почнување со подготовки за целосно преземање на ‘Фени’ од ГСОЛ“, рече Ристовски по одлагањето на собранието.

Тој нагласи дека СИЕР ќе се залага за повисока плата на вработените во согласност со растот на прозиводството како и за зголемување на бројот на врабоптени што веќе е во тек.

Одлуката да се одложи рочиштето со голем револт беше прифатена од 60 – мината вработени, кои три часа на сонце протестираа пред судот во Велес. Извикуваа „сакаме работа“ и „Екекод ајде дома“. Тие се против барањата да сопре стечјната постапка и да се впараичува имотот на „Фени“ оти тоа значи ликвидација на фирмата со која тие повторно ќе останат без работа и во неизвесност. Протестираа во знак на поддршка на планот за реорганизација и беа разочарани кога слушнаа дека гласањето е одложено.

Тие со аплауз ја поздрваија изјавата на сопственикот на ГСОЛ, „Маркос Комхис“ по завршувањето на Собранието на доверители. Тој рече дека ќе го поддржи „Фени“ и во добри и во лоши времиња и нагласи дека нивната инвестиција е сериозна. Објасни дека денес го презентирале нивниот план за реорганизација на „Фени“ со кој ги потврдуваат сериозните наемри.

По завршување на собранието на доверители Дејан Кнезовиќ, адвокат на „Енекод“ рече дека одложувањето на гласањето и можноста за корекција на понудениот план за реорганизација на комбинатот е надвор од сите законски рамки.

За адвокатот Поленак, пак, нема незаконски активности во постапката за одложување на гласањето и корегирање на планот за реорганизација на „Фени“. Тој вели дека корекциите се од техничка природа, а не суштински.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска