Отворен ден на УКЛО-Битола

Од:

Униврзитетот „Св.Климент Охридски“(УКЛО)-Битола денес приреди отворен ден и ги претстави наставните програми и планови за претстојната академска година.

На промотивниот академски настан во Битола, ректорот на УКЛО, Сашо Коруновски истакна дека средношколците кои годинава завршуваат со своето образование треба да размислат каде ќе се запишат и ќе студираат во наредниот период.

-Идните студенти денес дознаваат што УКЛО им овозможува на идните студенти. УКЛО со својата долгогодишна традиција стои зад квалитетот и во целост гарантира ја својата понуда. Ние сме одговорни да го оспособиме студентот што ќе ни даде доверба, рече ректорот Коруновски.

На новинарско прашање во врска со јавната листа на рангирани универзитети и други високообразовни институции во Република Македонија, а на која УКЛО се наоѓа на 7 место, ректорот Коруновски истакна дека рангирањето на одговара на состојбите на Универзитетот.

-Тоа е резултат на некои други активности и треба да биде предизвик за нашите студенти да докажат дека тоа не е така. Ние како професори и како раководство со други активности докажуваме дека тоа не е така и во таа смисла пред неколку денови реализиравме екстерна евалуација од Европската асоцијација на универзитетите, одговори Коруновски.

Во новата академска година УКЛО-Битола ќе понуди модифицирани студиски програми и реакредитирани студиски програми кои ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот беше посочено на отворениот ден на УКЛО во Битола.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов