Откриени незаконитости од проектот „Скопје 2014“

Од:

Поранешните антикорупционери Слаѓана Тасева и Драган Малиновски во денешното соопштување на тромесечната прелиминарна анализа за проектот „Скопје 2014“ рекоа дека се утврдени низа незаконитости.

Општината Центар немала надлежност за изведување на објекти на реката Вардар.

Насочувањето на буџетски средства од централната кон општинската власт немала, законска основа.

Реализација на проектите се одвивала на начин кој остава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства.

Реализацијата на проектите била без ефективна контрола.

За некои од споменици, како на Никола Карев, биле исплаќани многу повеќе средства да се изработи од мермер, а тој е излеан во бронза.

Во некои случаи авторите кои биле избрани за проектите биле заменувани со други и со нив биле склучувани договори за изработка на проекти.

Ова е првичен извештај, а се очекува комисијата за три месеци да излезе со детални податоци за секој поединечен споменик и објект.

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, најави дека според досегашните наоди обвинителството ќе има полни раце работа.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски