Откриен хероин во швајцарски автобус на релација Гостивар-Берн

Од:

На Граничен премин „Табановце“, при преглед на автобус со швајцарски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, под задните седишта пронајдена е кеса во која имало две пакувања со околу еден килограм хероин. Дрогата била одземена, а по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.

Во Полициската станица Куманово биле приведени двајца жители на село Долно Количани-Скопје, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Албански државјанин кој шверцувал хероин e уапсен на хрватската граница

Приведена велешанка поради поседување хероин

А1он

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Хероин кој го криеле во хефталка e пронајден кај патници кои патувале од Македонија кон Германија

А1он

Бугарските цариници заплениле над 100 килограми хероин на границата со Турција

А1он

Скопски дилери завршија зад решетки во Кочани