Кандидатката за градоначалник на Велес од првиот изборен круг Тања Петровска од Социјалдемократската партија доби отказ поради лошата изјава од вчера, објави Аце Коцевски од СДСМ.
Тој обвини дека со ова на дело се покажуваат методите кои ги користи владеачката партија.
Од општината Кисела вода во Скопје каде таа е привремено ангажирана, демантираат, овјави Телма.
Велат дека договорот се уште и трае и истекува на 30 април. Во телефонски разговор за Телма Петровска одби да даде изјава само кусо одговори дека е на работа и се уште ги извршува своите обврски.