А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов: Со Каракачанов го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО

by А1он07/10/2019 - 15:14889
Share0

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија изјави дека тој и неговиот заменик и министер за одбрана Красимир Каракачанов го поддржуваат зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ и НАТО.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За темата дали Северна Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО со вицепремиерот Красимир Каракачанов сме на ист став. Се разбира дека и Албанија треба да биде членка, изјави Борисов за време на средбата со претставници на Американската трговска комора.

Тој нагласи дека Бугарија следната година ќе биде претседавач на Берлинскиот процес, затоа што, според него, „нуди перспектива и води политика на добрососедство“.

– Историја е многу јасна и добро опишана, вклучително и од Американци пред 120 години, додаде Борисов.

Следете a1on на Youtube YouTube

Каракачанов пред десетина дена изјави дека е неприфатливо земјава да мисли дека едноставно ќе ја искористи Бугарија само за влез во Европската Унија, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека меѓудржавната Комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји не мора да има краен рок за својата работа.

– Јас пак велам дека на 17 октомври Бугарија не треба да брза да даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија се додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата, изјави Каракачанов.

На 30 септември бугарскиот државен врв одржа консултативната средба кај претседателот Румен Радев, на која присуствуваа Борисов, Каракачанов и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

По средбата Борисов нагласи дека Софија секогаш истакнувала дека Северна Македонија може да смета на неа на патот кон ЕУ, но никогаш не кажала дека безусловно го поддржува нејзиниот прием.

– Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса… Но, да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела. Ние сакаме и Албанија да оди заедно со Северна Македонија. Но, никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме влезот во ЕУ. Имаме на располагање 71 инструмент во преговорите по поглавјата. Да не си играат со историјата и минатото и да се концентрираат на иднината, рече Борисов.

bojko borisovevrointegraciiizjavaseverna makedonija

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Катерина Ѓуровски07/10/2026 - 12:32

Кос: ЕК следната недела ќе изнесе дополнителни идеи за проширувањето

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 11:25

ЕУ нуди пристап до заедничкиот пазар на земјите кандидатки, но под услови и можност за суспензија

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 15:1230/09/2026 - 15:54

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 13:21

Филипче: Се сомневам дека оваа влада воопшто сака да го продолжи европскиот пат

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 13:48

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео