• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ОТА: Не е набавен, не се користел, ниту се користи софтверот „Предатор“

by А1он19/07/2023 - 15:23285
Share0

Уште еднаш повторуваме и со сигурност уверуваме дека од страна на Оперативно-техничката агенција (ОТА) не е набавен, не се користел, ниту се користи споменатиот софтвер „Предатор“ и малициозна е намерата да се направи каква било поврзаност на ОТА со настаните во Грција, а особено кога истото е веќе јавно демантирано, се вели во денешното соопштение од ОТА.

Добивај вести на вибер

За жал и покрај јавните објави и деманти од страна на ОТА, се посочува во соопштението, продолжува трендот на манипулирање на јавноста со свесно креирање и објавување на невистинити содржини од страна на политички центри на моќ и нивно пласирање во дел од медиумите.

По спроведувањето на реформите во делот на следењето на комуникациите и формирањето на ОТА како самостоен и независен државен орган, потенцираат, основна мисија и цел на ОТА е придонесување кон враќање на изгубената доверба на јавноста кон еден особено чувствителен институционален сегмент.

– Во таа насока ОТА посветено работи на воспоставување на законски, безбеден, ефикасен и контолабилен систем за следење на комуникациите. Со воспоставените механизми на заштита од страна на ОТА, следењето на комуникации без издадена судска наредба во Република Северна Македонија е минато и масовно следење не е и нема да биде возможно. Во насока на заштита на јавниот интерес, апелираме на одговорно постапување од страна на сите чинители, како и на промптно институционално постапување за што веќе е известено Јавното обвинителство, се наведува во соопштението од ОТА.

otaspiunaza

Би можело да ве интересира

Мајкрософт предупредува: Руски хакери шпионираат странски амбасади во Москва

Катерина Ѓуровски01/08/2025 - 08:0401/08/2025 - 08:56

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

A1on18/09/2023 - 09:3818/09/2023 - 10:28

ОТА во правен вакуум без директор: Мандатот на Ангеловски истекува утре, Собранието дури вчера распиша нов оглас

A1on06/09/2023 - 11:5206/09/2023 - 14:23

Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

Ана Ололовска16/06/2023 - 18:0216/06/2023 - 18:02

Донесена владина Уредба за финансирање на ОТА за време на вонредна состојба

Ана Ололовска23/06/2020 - 09:42

ОТА во моментов следи 159 комуникации, можно е некои да се поврзани со „Рекет“

Ана Ололовска19/07/2019 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен