Oсновен 2 демантира дека Претседателот бил повикан во СЈО – нешто што не беше ниту објавено

Од:

Основниот суд Скопје 2 Скопје ги демантира текстовите „Специјалните обвинители ја „чешлаат“ скопска двојка“, „Сведок: И судиите на Основен суд Скопје 2 под лупа на Катица Јанева“, „Специјалните обвинители го чешлаат и Основниот суд Скопје 2“, „Специјалното обвинителство ќе гони судии од Основен суд Скопје 2?“ и „Специјалните обвинители го „стегаат“ обрачот околу судиите во Скопска двојка“ објавени на ден 17.02.2016 година, од повеќе медиуми и веб портали.

Еве што стои во демантот:

Ги демантираме наводите во текстовите дека „Според информациите на Сведок, покрај предметите, наводно истражителите веќе разговарале и со Претседателот на граѓанскиот суд“.

Имено, Претседателот на Основниот суд Скопје 2 Скопје, ниту бил распрашуван од страна на истражителите, ниту пак воопшто некогаш бил на разговор во Специјалното јавно обвинителство, а како што објавија повеќе медиуми.

По однос на наводите во погоренаведените текстови дека „се очекува Специјалното јавно обвинителство да отвори постапки и против судии на Основниот суд Скопје 2 Скопје“.

За Судот не е јасно од каде произлегуваат и врз основа на што ги темелат овие наводи медиумите во своите текстови, бидејќи во Судот не постојат никакви индиции од било каков карактер дека ќе се превземаат било какви дејствија од страна на Специјалното јавно обвинителство врз Основниот суд Скопје 2 Скопје. Имено, Основниот суд Скопје 2 Скопје нема сознанија дека ќе бидат остварени било какви контакти со било кои судии при овој Суд, ниту пак дека е побарано судиите да даваат исказ пред Специјалното јавно обвинителство.

Основниот суд Скопје 2 Скопје преку овој Демант им укажува на сите медиуми кои имаат објавено текстови од ваков карактер во иднина да не се впуштаат во шпекулации без воопшто да се обратат до Судот за да ги проверат информациите што ги објавуваат. Ова дотолку повеќе што

Основниот суд Скопје 2 Скопје е секогаш траспарентен и отворен спрема медиумите во Република Македонија.

Со оглед на наведеното бараме овој демант да биде објавен соодветно, како што се објавени и текстовите во погоренаведените портали и медиуми.

Ова е демантот на Судот, но напоменуваме дека А1он не објави дека претседателот на Судот бил повикан кај СЈО.Еве што напиша во тој дел А1он:
На прашањата на „Сведок“ дали биле побарани предмети и бил распрашуван претседателот, портпаролката на судот Сања Томиќ потврди дека од СЈО биле побарани предмети, кои судот им ги доставил.

Томиќ изјавила дека претседателот не бил на разговор во Специјалното јавно обвинителство, а по предметите не дошле истражителите туку им биле испратени кај нив предметите, без да каже од која област се предметите кои му се дадени на обвинителството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ