Османи за Мерко: ДУИ бара институциите да го истражат Мерко, тој лично побара да се замрзне неговото членство во партијата

Од:

Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи вели ги почитува ставовите на САД и ги смета за добронамерни.

– Прво ДУИ бара институциите веднаш да се почне со сеопфатна истрага за наводите и можните информации за Мерко кои што произлегуваат од одлуката на Вашингтон.

ДУИ ја прифаќа на одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата.

Како трето, ДУИ ја прекинува изборната активност во општина Струга се додека не се создадат услови за тоа. Исто така партијата ги повикува сите истражни институции во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага за сите партии, од претседателите до најниски ешалони, истакна тој.

Османи додаде струшкиот градоначалник лично побарал да се замрзне неговото членство во раководните органи на партијата од Мала Речица. Тој истакна дека Мерко во моментов не е целосно отстранет од ДУИ.

-Тој веќе не е член на претседателството и на Генералниот совет на партијата, се додека трае истрагата. Темата е многу јасна, нагласи Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

Мерко бил на операција, одложени рочиштата за плочата и осветлувањето на Дрим

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски