Османи уште се мисли за Лавров: Ако речеме „да“, не гледам зошто Бугарија и Грција да не дозволат прелет

Од:

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, но не се знае колку ќе седи, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи. За Лавров пак, се уште не се знае.

„За неформалната вечера го очекувам државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Во кој од трите дена ќе биде Министерот за надворешни работи на руската федерација не можам да ви кажам во овој момент, се разбира, не треба да очекуваме дека во сите три дена, сите ќе останат. Сепак, тоа се важни луѓе кои ќе дојдат и ќе заминат. Дали ќе се поклопуваат термините на нивниот престој, тоа не можам да го кажам се уште, бидејќи се утврдуваат тие детали и динамики. Делегациите ќе бидат сите, прашањето е дали ќе бидат министри или заменици министри, меѓутоа јас очекувам сите да бидат тука“, рече Османи.

Според него, се преговара со Бугарија и Грција да дозволат прелет, но не гледа причина зошто да не го дозволат тоа.

„Се преговара со Бугарија и Грција. Ако ние донесеме одлука, не гледам зошто да не прифатат, зошто одлуката на ЕУ е јасна, вели со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, други меѓународни организации, бидејќи Лавров беше во Њујорк, но во Обединетите нации, а не во САД. И тука не доаѓа во Скопје ако дојде, доаѓа во ОБСЕ“, додаде министерот.

Тој кажа дека Лавров не доаѓа во посета на Македонија, туку доаѓа во земјата-домаќин на ОБСЕ, во организацијата во која и Русија е членка. Со министерката за одбрана Славјанка Петровска, која гласаше воздржано на вчерашната владина седница и е против рускиот министер да дојде во Скопје, вели дека се на ист став, но само ако Лавров дојде како гостин во земјава, а не како гостин на ОБСЕ.

„Во национален капацитет сме на ист став со министерката. Но јас сум претседавач на ОБСЕ и имаме различен став. Дадено е овластување на МНР да ја донесе одлуката. МО дава повикувачки број за сите владини авиони и тоа е техничка работа, безбедносна работа, зошто за такви авиони не дава дозвола за слетување цивилно воздухопловство. Ако ние процениме во МНР дека треба да дојде, тие даваат само повикувачки број“, кажа Османи.

Би можело да ве интересира

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка

Османи: Во Скопје е надминат „кор-сокакот”, Советот за регионална соработка со нов Генерален секретар

Лавров: Западот се обидува да наметне свој поредок во светот

Горан Наумовски

Во Прага средба на Османи со Блинкен