Германскиот министер одби заедничка фотографија со Лавров, Москва реагира: „Се исплаши“

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул се исплашил да се фотографира со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на состанокот во Атланта.

Захарова реагираше на информациите дека Вадефул одбил да учествува во заедничко фотографирање со Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Групата 20 (Г20).

Во објава на Телеграм, таа потсети дека германскиот министер пред еден месец самиот побарал средба со Лавров и позирал пред медиумите, додека сега одбива да застане покрај него пред камерите.

„Пред еден месец Вадефул самиот побара преговори и позираше пред медиумите, а сега се исплаши од заедничко фотографирање и тоа го претставува како став“, порача Захарова.

Првично, Вадефул изјавил дека нема да го избегнува фотографирањето со рускиот министер. Сепак, подоцна, одговарајќи на прашања на германските медиуми, потврдил дека нема да има заедничка фотографија.

„Во секој случај, нема да има заедничка фотографија – никаква семејна фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со Лавров“, изјавил германскиот министер.

Состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 се одржува на 30 и 31 октомври во Атланта, под американско претседателство. Руската делегација ја предводи Сергеј Лавров.

Би можело да ве интересира

Криста Пајк (50), која преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција, првпат проговори: „Сè уште чувствувам болка“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат