Османи се слушнал со Рикер: Приоритет во надворешната политика е продлабочувањето на партнерството со САД

Од:

На првиот работен ден како Министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари официјален телефонски разговор со Помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, информираат од МНР.

„Честитајќи му на Османи за именувањето на новата позиција, Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО,“ се вели во соопштението.

„Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален партнер на Балканот, особено во рамките на нашиот искрен придонес во решавање на регионалните прашања“, истакна Османи, посочувајќи ја Република Северна Македонија како еден вид „фронтранер“ во регион, земја – пример за тоа како се затвораат отворените билатерални прашања“.

Соговорниците се согласиле дека земјава треба да продолжи на патот на европските интеграции, особено во рамките на очекуваните старт на преговорите до крајот на оваа година.

На крајот од разговорот, Османи го покани Помошникот на државниот секретар да ја посети земјата, што беше со задоволство прифатено од страна на амбасадорот Рикер, кој ја најави својата посета на земјава наскоро,“ велат од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов