Османи: Разговорите со Бугарија продолжуваат и без политичка влада во Софија

Од:

Разговорите со Бугарија за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат и покрај тоа што се уште нема политичка влада во Софија, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Комуникацијата продолжува помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој период се разговара. Моја и наша одлука како Влада е дека заради тоа што нема влада во Бугарија не смее да има прекин на разговорите, бидејќи многу потешко ќе се надоврземе на тоа што е разговарано доколку оставиме поголем јаз на некомуникација. И затоа таа комуникација продолжува конктинуирано. Се разбира дека продолжуваат и напорите на ЕУ, па и на комесарот Вархеји, но и на земјите членки, пред се, на словенечкото претседателство кое има на некој начин и обврска да биде посредник во надминување на ова прашање. Така што ќе има такви средби во наредниот период, ќе има со нас, ќе има и со Република Бугарија. Ние ќе прдолжиме да работиме за изнаоѓање на решение. Сметаме дека е важно што побрзо да се затвори прашањето, рече Османи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на неговата матична партија ДУИ во Скопје.

Тој додаде дека како основа на разговорите останува предлогот даден за време на германското претседателство, кој е сличен со тој на португалското, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.

-Јас кажав во неколку наврати дека португалскиот предлог е сличен на претходниот германски предлог, сличен го презема словенечкото претседателство, така да, за не се создаде конфузија чиј е предлогот кажуваме дека е предлогот на претседателството и сеуште предлогот на претседателството е основа за надминување на разликите покрај билатералните разговори што ги водиме двете страни по однос на надминување на разликите, вели Османи.

Тој посочи дека засега нема нов момент од тоа што го имаше во текот на португалското претседателство. Од најавената посета на претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен на 28 септември на земјава, посочи таа е во рамки на нејзината балканска турнеја, и нема да се однесува конкретно на спорот со Бугарија, но очекува охрабрување по однос на перспективата на регионот за членство во ЕУ.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи денска ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.

Не се објавуваат детали за разговорите во Софија, но луѓе запознаени со посетата тврдат, како што пренесе Бугарското национално радио, дека тема на разговорите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на разговорите со Северна Македонија.

Ова е втора посета на еврокомесарот Вархеи на Бугарија, откако на 21 мај, годинава, заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со високи бугарски претставници.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?