Османи: Потребен ни е консензус за реформите за да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО во 2018 година

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес во Претседателскиот кабинет во Вилата Водно, имаше средба со Претс. Ѓорге Иванов

На Средбата, Вицепремиерот информираше за посетата на Брисел, остварена заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на кој беа остварени значајни средби со Потпретседателката на Европската Комисија и Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Фредерика Могерини, како и со Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан. Османи брифираше и за пораките на Министрите за надворешни работи на земјите – членки на Унијата, кои, на Министерскиот појадок во Брисел- Пријателите на Македонија, организиран од страна на Министерствата за надворешни работи на Бугарија и Шведска, изразија подготвеност да ѝ помогнат на Република Македонија во нејзините европски и евроатлантски аспирации.

Во продолжение, Османи реферираше и за новите реформски пакети на Владата – Шест и Девет, кои претставуваат заокружување на Планот 3-6-9, чија имплементација треба да обезбеди простор за напредок во приближувањето кон Европската Унија. Османи потенцираше дека Стратегиите и акциските планови содржани во Планот 3-6-9, во себе ги имаат инкорпорирано сите забелешки од стана на меѓународните партнери и релевантни институции, како што се препораките од Извештаите на Европската Комисија, на Венецијанската Комисија, ГРЕКО, забелешките на Високата експертска група предводена од Рајнхард Прибе како и сите останати извештаи и препораки кои се нотирани како обврска за Република Македонија.

Со тоа, потенцираше Османи, го реформскиот пакет е заокружен, и по чија имплементација се очекува отстранување на условеноста на Препораката, како и позитивен извештај со нова чиста препорака од страна на Европската Комисија. На крајот, потенцираше Османи, заедно со напредокот во отстрануваењето и на отворените политички прашања, се очекува и одлука за почеток на преговорите до средина на 2018 година.

„Имаме неповторлива шанса, во 2018 година да направиме историски исчекор и да го затвориме прашањето за ЕУ и НАТО. Потребно е да ги тргнеме настана нашите лични, партиски, па дури и етнички приоритети, да оствариме консензус за реформите, и да испорачаме резултат.“ – истакна Османи.

Тој ја потенцираше важноста на моментумот, повторувајќи ја оценката добиена во Брисел, дека 2018 година треба да биде историска година за напредокот на Република Македонија во европските и евроатлантските интеграции, моментум за кој треба да се заложат сите чинители на општеството, и преку инклузивен процес, да се обезбеди и суштински, а не само декларативен консензус за процесот на интеграциите на Република Македонија.

Османи побара од Иванов поддршка за реформскиот процес, но и поддршка за обезбедувањето консензус и вклученост на опозицијата, секако, најмногу за законите за кои е потребен широк политички консензус, како и поддршка од двотретинско мнозинство во Собранието.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина