Османи: Планот 3-6-9 не предвидува продолжување со дел 12, туку почеток на преговори со ЕУ

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес оствари средба со Иван Корчок, државен секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на Република Словачка.

На средбата се беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, која беше оценета како солидна, при што беа посочени и областите во кои истата може да се продлабочи. Вицепремиерот Османи ја потенцираше потребата на Република Македонија за унапредување на капацитетот за апсорпција на фондовите на ЕУ, нешто за што, искуствата на Република Словачка, како лидер во искористувањето на овие фондови во регионот, може да биде од исклучително значење за Република Македонија.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Словачка, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група. Османи му ја презентираше на Корчок досегашна имплементацијата на Планот 3-6-9, како и посветеноста на Владата во целост да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на европските пријатели. „Планот 3-6-9 претставува единствена целина на неговите три дела и во него ги имплементираме сите релевантни забелешки и препораки кои се нотирани како пречка за нашите евроатлантски интеграции. Наша цел е согласно успешната реализација на последниот дел од Планот, делот девет, да не влеземе во ново продолжение со нов дел 12, туку со започнување преговори“ истакна Османи на средбата. Тој изрази благодарност и за отпочнувањето на проектот „Национална конвенција за Европската Унија во Република Македонија“, кој беше отворен вчера, а се реализираше и со поддршка на словачкиот амбасадор во земјава.

Во текот на средбата Вицепремиерот Османи и Министерот Корчок се осврнаа и на поддршката на Словачка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, што е од особено значење за европската перспектива на регионот, а беше потврдена со усвоената Заедничка декларација од страна на министерствата за надворешни работи на Вишеградската група и министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, потпишана во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Ешток: Словачка е на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина