Османи: Немам информација дека некој од дијаспората го бојкотира пописот

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека нема информација за потенцијален бојкот на пописот од македонската дијаспора.

„Во оваа фаза е најважно сите да работиме, секој преку своето влијание да стигне информацијата до нашите граѓани“, вели Османи.

Тој сепак не ја исклучува можноста за бојкот од некои иселеници.

„Веројатно постојат повеќе причини за степенот на заинтересираност на нашата популација, не би оценил дали е тој слаб или голем“, вели Османи.

Според податоците, засега Канада и Австралија имаат послаб одзив на попишување.

„Не можам да прејудицирам дали има некои други причини кои може да бидат основа за таквиот одзив“, вели Османи.

Тој порачува дека сега целата енергија треба да биде во функција да стигне информацијата до граѓаните дека има попис.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија