Османи: Напредокот во евроинтеграциите на Црна Гора претставува добра основа за севкупниот регионален напредок

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес беше домаќин на Третиот заеднички комитет на Република Македонија и Црна Гора, кој се одржа во Скопје. Од страна на Црна гора беше присутна висока делегација предводена од Министерот за европски прашања и главен преговарач на Црна Гора во преговорите со ЕУ, Александар Андрија Пејовиќ. Состанокот се одржа во рамките на Договорот за соработка меѓу двете Влади во процесот на европските интеграции.

Пред почетокот на состанокот, во седиштето на Секретаријатот за Европски прашања, се одржа прес конференција на која се обратија двајцата Министри за европски прашања. Вицепремиерот Османи изрази задоволство од континуираната соработка меѓу двете земји, особено фактот што преку овој заеднички Комитет, се создава основа за размена на искуствата и стекнатите знаења кои имаат силно влијание врз унапредување на евроинтегративните процеси на целиот регион.

„Македонија, на пример, прва во регионот пристапи кон процесот за Стабилизација и Асоцијација уште во 2001 година и во наредниот период силно напредуваше во пристапување кон ЕУ. Нашите искуства тогаш ги споделувавме со сите земји од регионот, меѓу кои, секако и со Црна Гора. Денес, откако ние изминавме еден подолг период на застој во напредокот кон ЕУ, црногорското искуство, како земја која ги започна и успешно напредува во преговорите со ЕУ, несомнено претставува важна придобивка, како за Македонија, така и за останатите земји – аспиранти од Регионот“, истакна Османи, пред започнувањето на состанокот.

Покрај придобивките од размената на меѓусебни искуства, на состанокот беа отворени и темите за пошироката, регионална соработка, особено во контекст на регионалната соработка во рамките на ЕУ фондовите, но и останатите иницијативи како што се Берлинскиот процес, иницијативите за економска соработка меѓу земјите од Западен Балкан итн.

„Напредокот во евроинтегративните процеси на Република Македонија, за среќа, не претставуваат изолиран случај на Балканот, туку е во иста насока со новиот бран регионален европски оптимизам, кој е проширен и кај земјите членки на Унијата. Овој напредок особено се забележува во Црна Гора, која покрај отпочнувањето на преговори со ЕУ, стана и полноправна членка на НАТО. Тоа претставува добро основа, како за нашиот, така и за севкупниот регионален напредок, но секако, за нас е многу важно, што на тој пат имаме поддршка од нашите земји пријатели, каква што ја сметаме поддршката и од Црна Гора“, заклучи Вицепремиерот Османи.

Пред овој состанок на Заедничкиот комитет меѓу Република Македонија и Црна Гора, беа одржани два вакви состаноци, од кој првиот беше одржан во Скопје, додека вториот беше одржан минатата година во Бар, Црна Гора. Целта на овие состаноци е размена на искуствата помеѓу двете земји за процесот на европска интеграција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство