Османи: Косово ќе добие целосна поддршка од Македонија на патот кон нивните евроинтеграции

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Министерката за европска интеграција на Косово, Дурата Хоџа.

На средбата беше потенцирана заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, како и соработка во оваа насока меѓу двете земји. „Македонија и Косово ја имаат истата цел- пристапување во ЕУ. Верувам дека можеме да се поддржиме во процесот на интеграција во ЕУ со континуиран, отворен и конструктивен дијалог“, истакна Османи на почетокот на средбата. Во тој контекст, Вицепремиерот Османи ги понуди искуството и знаењата кои Македонија ги стекна во делот на спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со директна соработка и експертска помош, нагласувајќи дека Косово ќе ја добие целосната поддршка од стана на Македонија за нивните евроатлантски аспирации.

Двајцата соговорници ја повторија и поздравија иницијативата за одржување заедничка седница на владите на двете земји, во рамките на воспоставените институционални механизми со потпишаниот Договор за соработка во областа на европската интеграција, а беа разгледани и заедничките проекти во рамките на Берлинскиот процес, како и можното воспоставување заедничка царина. Вицепремиерот Османи на средбата потврди и дека се работи на спроведувањето на стратешкиот проект во рамките на ИПА за прекугранична соработка, граничниот премин Белановце- Станчиќ, и подвлече дека ќе стори сè што е во рамките на неговите надлежности како НИПАК за навремено завршување на сите постапки, за што побара заложба и од косовската страна.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он