Османи: Конечно од стартната позиција ја почнуваме трката

Од:

Во рамки на историската посета на Брисел, денес, кога официјално се отвореени преговорите за пристапување во Европската Унија, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше воведно обраќање на инаугуративниот состанок за процесот на скрининг, извести МНР.

Осврнувајќи се на долгоочекуваниот почеток на преговорите, Османи предочи дека денес ја започнуваме финалната фаза на нашиот евроинтегративен пат за остварување на заедничката цел – полноправно членство во Европската унија.

„Патот дотука не беше нималку лесен, но денес нема да се навраќаме на минатото, туку нашиот поглед е свртен кон иднината и задачите кои треба да ги исполниме за време на преговарачкиот процес. Конечно, од стартната позиција ја почнуваме трката и отсега ќе зависи од нашите сили и способности – да ги мобилизираме сите наши човечки ресурси и посветено да работиме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме.“

Османи упати благодарност за драгоцениот ангажман на Европската комисија, уверувајќи ги дека македонскиот преговарачки тим е подготвен и нестрпливо очекува да продолжи со скринингот по секое од поглавјата во рамки на кластерите.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Цел мандат ли ќе барате подобра преговарачка позиција: Како „модерни“ Македонци не влегуваме во ЕУ – Филипче и Мицкоски за евроинтеграциите

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on