Османи: Кој ќе ги навреди Македонците среде Скопје, веќе нема да влезе во Македонија

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој денеска во Софија, со бугарскиот колега Николај Милков, го посети повредениот охриѓанец Христијан Пендиков упати јасна порака до сите бугарски политичари дека нема да се толерира навреда, негирање или понижување на македонскиот народ.

„Ние нема да дозволиме негирање на бугарската заедница во Македонија, но нема да дозволиме ниту негирање на македонскиот народ, и затоа сакам да упатам порака дека и тие провокации дека треба да престанат. Значи секое доаѓање во Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мора сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Република Северна Македонија“, изјави Османи.

Дали Османи со ова најави дека ќе му биде забранет влез во Македонија на европратеникот Ангел Џамбаски? Со оглед на фактот дека пораката на Османи доаѓа по серијата изјави на европратеникот од ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, и на лидерот на парламентарната партија Преродба, Костадин Костадинов, дадени во Скопје за „еден народ, две држави”

„Значи денес сме овде за Кристијан и насилството мора да го осудиме, но исто така да потенцирам и провокација од политичари кои доаѓаат во Македонија, среде Скопје и го негираат и го навредуваат македонскиот народ тоа мора да го прекинеме и затоа упатувањето е дека тоа ќе биде последно доаѓање на секој кој ќе ги навреди македонците македонскиот народ или било која друга заедница, исто како што и ние нема да дозволиме никој да ја навреди бугарската заедница„ рече Османи пред бугарските новинари додавјќи дека  меѓуетнички соживот е нешто што го градиме 30 год и нема да дозволиме односно ќе имаме нула толеранција за се што го нарушува меѓуетничкиот соживот. Бугарската заедница е и ќе биде почитувана заедница во Македонија и ќе ги имаат сите права и слободи и привилегии како и секој друг граѓанин и заедно Македонци, Албанци, Турци и други ќе живеат подеднакво слободни, изјави Османи.

Овој дел од изјавата на Османи почнува на 3:42 од видеото

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ