Османи: Имаме добри односи во владеачката коалиција, Владата продолжува со својата работа

Од:

Односите во владеачката коалиција се добри и Владата продолжува со својата работа, порача вицепремиерот и член на ДУИ Бујар Османи на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседателот во СДСМ и пратеник Мухамед Зекири дека е опција и доколку може Влада без ДУИ.

-Ние имаме добри односи помеѓу владејачката коалиција. И не гледам дека сега имаме потреба во Влада да се дефокусираме со вакви обиди што повеќе имаат за цел да ја оживеат дебатата низ социјалните мрежи отколку да одразуваат некоја динамика на односи меѓу двете политички партии. Владата продолжува со својата работа. Вчера до два ноќе имавме седница на Влада, носевме важни одлуки за земјата. Продолжуваме понатаму со реформската агенда бидејќи ова се историски мигови за земјата да добие датум за преговори што го чекаме веќе 18 години, изјави Османи на заедничката прес-конференција со француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.

Во врска со тоа дали она што се случуваше во Парламентот со барањето за симнување на имунитетот на Трајко Вељаноски е поврзано со судбината на СЈО, односно дека на ДУИ не му одговара да продолжат со истраги бидејќи, како што беше речено, се вмешани и нивни функционери, Османи рече дека тоа е лажна вест и дека ДУИ дава апсолутна и целосна поддршка на СЈО.

– ДУИ е и единствената партија во Република Северна Македонија што има донесено одлука на претседателството и бара целосна истрага од домашни и меѓународни организации на сите функционери од 2002 до сега, бидејќи е време да се почне битката против лажните вести и пропаганда. Значи ДУИ е единствената партија и ги повикуваме и другите политички партии да го направат истиот повик до институциите да направат истрага на нивните функционери додека биле на власт, рече Османи.

Тој посочи дека за Нацрт законот за јавно обвинителство има само некоку членови што се однесуваат на СЈО, а во тој дел ДУИ рече, нема никаква разлика со СДСМ за тоа како треба да се реши судбината на Специјалното обвинителство, а тоа, е додаде, да се продолжи со целосно расветлување на сите истраги што произлегуваат од прислушуваните материјали и да се инкорпорира во ЈО бидејќи тоа беше препорака на експертите.

-Разликите одредени во текстот беа пред се во делот на правичната застапеност, како ќе се гарантира, како ќе се обезбеди, некои технички прашања што се усогласени во меѓувреме. Ние немаме апсолутно никаква разлика во тој закон и апсолутно лажна вест е дека тоа било предмет на некакви разлики. Ставот на ДУИ е тоа да се најде трјано решение и да се даде можност да се продолжат сите истраги до целосно рачистување, рече Османи.

Тој појасни дека предлогот што го даде Министерството за правда е СЈО да се инкорпорира како автономно одделение во ЈО со цела автономија и во делот на буџетот и во делот на надлежносите и во делот на тоа што треба да покрие како антикорупциско обвинителство.

Очекува многу брзо законот за обвинителството да биде донесен затоа што роковите за испоорака треба да бидат до 18 март за сите законски решенија во делот на Планот 18.

Би можело да ве интересира

Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува