Османи и Грвала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала – Шварц потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

„Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го во предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство.

Денеска се потпишаа 11 договори и меморандуми за соработка, со кои постојниот број од 42 потпишани документи се зголеми на 53“, информираат од МНР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“