Османи го злоупотребува ОБСЕ за да влијае на набљудувањето на изборите обвинува албанската опозиција

Од:

Албанските опозициски лидери Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши обвинија дека министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач на ОБСЕ ја злоупотребил функцијата да влијае врз набљудувањето на изборите следната година и затоа сметаат дека ДУИ и СДСМ не се во опозиција да диктираат кога ќе се случат изборите.

– За нас приоритет е одржување на слободни, фер и демократски избори. До нас стигнаа информации дека Бујар Османи претседателствувањето со ОБСЕ сака да го злоупотреби за влијание врз одлуката на бројот на набљудувачи врз изборниот процес. Знаеме на што се способни за да го сочуваат богатството, затоа здружената албанска опизиција има легитимитет да бара соодветна застапеност во ДИК. Има поднесено конкретна иницијатива за пополнување на нашето место во ДИК и бараме од ДУИ и СДСМ да не го одолговлекуваат тоа.

Сметаме дека е целосно ирационално да се прави двоен трошок, но сакаме да ги чуеме аргументите на СДСМ и ДУИ со кои ќе го бранат ставот да има одвоени избори – рече Билал Касами од Движењето БЕСА.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши ги објасни трите услови на албанската опозиција за евентуално формирање на влада со некоја македонска партија ако ги добијат изборите.

– Ние како опозиција сме потполно уверени дека нема да правиме никакви компромиси на патот кон ЕУ и затоа здружената опозиција ќе прави влада со оние кои сакаат да го продолжиме патот кон ЕУ. Вториот наш услов е уставниот амандман за незастарување на политичка корупција. Наша цел е да ставиме крај на збогатувањето на функционерите со парите на народот. Тие дела не треба да застарат никогаш. Третиот услов е формулацијата за албанскиот јазик и сметаме дека таа е понижувачка и треба да стои само „албански јазик“ – истакна Гаши.

Изет Меџити, кој се одметна од ДУИ и ја формираше Демократско движење, рече дека ДУИ се пазарат со ВМРО-ДПМНЕ за концентрациона влада по изборите.

– Нашите извори кажуваат дека ДУИ одамна е откажана од уставните измени и единствената причина за враќањето на Груевски е на таков начин да издејствуваат пазар со ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваат дека ќе издејствуваат концетрациона влада ако ги загубат изворитре. Ќе им ја испорачаме фактурата за кокетирањето со Груевски. Врвно лицемерие е манипулацијата на ДУИ дека тој ќе ни ги донесе европските вредности од Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата

Меџити: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во закон за правична застапеност

Меџити: Двете делегации предводени од Гаши и Мицкоски имаат свои агенди на Самитот на НАТО во Вашингтон

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Катерина Ѓуровски

Првиот вицепремиер Меџити ќе држи координации со министрите од ВРЕДИ