СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Од:

СДСМ повика на почитување на првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против Хашим Тачи и уште тројца поранешни припадници на ОВК, нагласувајќи дека процесот не е завршен и дека постои право на жалба.

„Повикуваме сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби“, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека не се мешаат во работата на судот и дека законот мора да важи за сите, без оглед на нацијата или политичкиот интерес.

„Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се посочува дека пресудата не треба да се толкува како пресуда против албанскиот народ или правото на Косово на слобода, бидејќи судот суди поединци.

СДСМ истовремено ги оцени како „крајно несоодветни“ реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочувајќи дека тој извршува државна функција и дека како претставник на држава која сака да биде дел од ЕУ не може да има двојни аршини.

„СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

ВИДЕО: Илјадници граѓани во Приштина со свирежи и солзи ја пречекаа пресудата за Тачи и поранешните команданти на ОВК

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски

Судот во Хаг ја изрекува пресудата за Хашим Тачи во судењето за воени злосторства

Катерина Ѓуровски

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши