ФОТО: Осквернавена црквата „Св. Георгиј“ во Лазарополе

Од:

Повеќе вредни икони изработени од 16 до 19 век, како и реставрираната престолна резба, се украдени вчера од црквата „Свети Георгиј“ во село Лазарополе.

Група крадци, како што стои на веб страницата на Бигорскиот манастир „Св.Јован Крстител“, успеале да украдат дел од престолните икони и други ретки икони од 16, 18 и 19 век, цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба.

По кражбата во црквата е оставен пустош. Влезната врата е распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите.

– Оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. Осквернавен е најубавиот храм во Мијачкиот крај, храм прочуен по својот редок и вреден иконостас, но и по доста богатата галерија на стари икони кои датираат од 16 до 18 век, информираат од Бигорскиот манастир.

Храмот посветен на Свети Георгиј неодамна беше реставриран во сета своја убавина. Тој со години ги плени и поклониците и туристите, восхитувајќи ги со својот прекрасен и уникатен лик.

ikoni-lazaropole-06 ikoni-lazaropole-07 ikoni-lazaropole-08 ikoni-lazaropole-09

Би можело да ве интересира

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка