Оштетени детски реквизити во кавадаречкиот парк

Од:

Оштетени се детски реквизити во кавадаречкиот Градски парк, реагираа денеска од Иницијативата за спас на еден од најубавите паркови во Македонија. Оттаму го осудија вандалското однесување на поединци.

– Мора сите да се грижиме за јавното добро, околината, да придонесиме за зачувување и разубавување на просторот околу нас, нагласија во изјава за МИА.

Апелираа, конечно институциите да започнат со репресивни мерки, оти велат, јасно е дека едукативните и превентивните, не секаде даваат резултати. Воедно, ги поздравија активностите на општинското раководство, за проектите за осветлување, реновирање на урбана опрема и одржување на зеленилото и кастрење на вегетацијата во паркот.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење