Орав разочаран бидејќи не е испочитуван рокот за изборните правила

Од:

Евроамбасадорот Аиво Орав е разочаран, бидејќи и вчерашниот, последен обид на на работните групи на 4-те најголеми партии за договор за изборната регулатива и прочистување на Избирачкиот список, заврши неуспешно .

„Навистина е разочарувачки што обврската што ја преземаа лидерите во однос на крајниот рок од 6 октомври не беше испочитувана“, изјави денеска Орав, по синоќешната рунда преговори меѓу партиските работни групи за измените на изборното законодавство.

Ноќеска се очекуваше да биде постигнат договор за Изборниот законик, откако претходно околу 20 часот беше повлечен законот за необјавување прислушувани разговори од страна на пратениците Талат Џафери и Крсто Мукоски.

Орав пред вчерашното продолжение на разговорите во Клубот на пратениците изјави дека има напредок во преговорите и изрази очекување оти ќе биде постигнат договор. Засега нема информации кога би продолжиле разговорите.

Преговорите на кои присуствуваа амабасадорите на ЕУ Орав и на САД Џес Бејли, со посредство на белгискиот експерт Питер Ван Хауте завршиле рано изутринава.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски