Евроамбасадорот Аиво Орав на денешната седницата на собраниската комисија за европски прашања и националниот совет за евроинтеграции, рече дека европските претставници се под закана и покрај тоа што се обидуваат да ја решат кризата во земјата.
– Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат, но сега веќе започна негативна кампања против посредниците на ЕУ, и на самиот комeсар Хан како и против неговиот експерт во Скопје, Ванхауте. Дури и заканите се зголемени до таа точка што сме принудени да ги зголемиме мерките за безбедност, рече Орав.