Општината реши да се урне дивоградбата кај Чинарот, „непознатиот“ бизнисмен и натаму си гради

Од:

По повеќе од две недели градежни работи, инспекторот на Општина Охрид дури денеска донесе решение во кое наложи да се отстрани градбата кај Чинарот во рок од 10 дена. Градоначалникот Константин Георгиевски во изјава за „А1 он“ вели дека ваквата одлука е донесена утрово по повторно направен увид, а решението им е предадено на лицата што изведувале градежни работи на локацијата, но не знаеше кој гради. Тој рече дека сè уште не го видел записникот направен од инспекторот.

„Испекторот утрово беше на увид. Направи записник и изготви решение за отстранување на градбата во рок од 10 дена“, рече Георгиевски.

И покрај решението за отстранување на градбата, непознатиот приватник, кој првим уриваше, па сега гради на плоштадот кај Чинарот, не ги сопре градежните работи. На локацијата и натаму се работи, односно неколку работници ја зацврстуваат покривната конструкција поставена во петокот.

За оваа локација, која е во државна сопственост, не е склучен договор за краткотраен закуп со ниедно физичко и правно лице ниту, пак, е издадено одобрение за поставување урбана опрема на предметниот простор. Општината не добила ниту еден проект со барање за одобрение.

Неколку дена претходно, единствениот градежен инспектор во Општина Охрид, Слободан Дајманоски, е недостапен да каже зошто не постапил досега, што констатирал на локацијата, кој гради, дали е изречена казна, но и што ќе преземе доколку и натаму продолжат градежните работи во заштитеното градско јадро.

Инаку, додека непознатиот приватник гради дивоградба на просторот кај Чинарот, наследниците на плацот водат битка во институциите да си ја вратат сопственоста. Драги Циглов, кој е еден од наследниците, вели дека државата не им го вратила земјиштето со образложение дека парцелата е потребна за да се гради мини плоштад, ќе се проширува една од улицата, а просторот хорикултурно ќе се уреди. Општината по неколку дена, и натаму молчи зошто не постапиле како што им објасниле на наследниците, кои, наместо плацот, може да бидат само обесштетени.

Кристијан Ландов и Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески