Општина Зрновци ќе гради стационар за бездомни кучиња

Од:

Стационар за бездомни кучиња ќе гради општина Зрновци во кругот на фабриката за селектирање комунален смет, на површина од околу 100 метри квадратни.

Во него ќе се наоѓаат неколку боксови за сместување кучињата, а истовремено стационарот ќе нуди и третман на заловените кучиња. Истретираните здрави кучиња ќе може и да се посвојуваат. Од општината неколку пати упатуваа предупредувања до сопствениците да си ги приберат кучиињата, но бидејќи тие ништо не преземаат, општината ќе го решава проблемот со изградба на стационар.

– Ние навистина одлучивме после многу предупредувања до граѓаните да ги вдомат своите кучиња и да ги отстранат од јавните површини бидејќи станаа опасност за граѓаните, особено за децата коишто веќе се плашат да одат на училиште без придружба од своите родители. Од тие причини одлучивме да се отвори стационар каде што ќе бидат сместени сите овие кучиња кои не се обележани и кои ќе бидат прогласени за скитници. Понатаму ќе следува процес на заловување на тие кучиња каде што ќе бидат третирани, хранети се до моментот додека некој не пројави желба да си присвои некое од кучињата или, пак, додека не се појават сопствениците да си го земат кучето, секако со плаќање одреден надомест, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Инаку, група младинци од Кочани и Зрновци целосно го поддржуваат градоначалникот Станков во идејата за изградба на стационар и се нудат за помош во третирањето и хранењето на кучињата.

– Ние сме група младинци кои откако слушнавме за идејата за градење стационар се понудивме да помогнеме и да дадеме поддршка на градоначалникот Станков да може да се реализира. Јас многу ги сакам кучињата и учам во Ветеринарно училиште. Сакам да се грижам во иднина за бездомните кучиња, ни изјави Викторија Апостолова од Кочани.

Според Станков, ќе биде избрана фирма која ќе го врши заловувањето, а во боксовите на стационарот кучињата ќе бидат хумано третирани и одгледувани. За нив ќе се грижат младите лица чија идеја беше отворањето на стационарот и згрижување на кучињата.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он