Општина Тетово со буџет од 26 милиони евра за 2022 и дефицит од над 500 илјади евра

Од:

Советот на Општина Тетово на денешната четврта седница го усвои буџетот за 2022 година кој има дефицит од 33 милиони денари. Општина Тетово има предвиден приход од една милијарда 623 милиони 769 илјади денари (над 26 милиони евра) додека за расходи една милијарда 656 милиони 826 илјади и 526 денари.

– Овој буџет не е развоен и не ги рефлектира моите програмски определби. Имаме законска рамка да се подготви буџетот кој не ни овозможува да предвидиме тоа што ние би сакале да биде предвидено во делот на капиталните инвестиции. Согласно законската рамка ние сме ограничени на просекот од реализација на последните три години кои за жал беа катастрофални во делот на прибирање на изворните приходи на општината. На вчерашната дебата имавме многу предлози за вметнување на проекти кои се во интерес на граѓаните кои ги имаме во предвид и истите во првиот ребаланс кој ќе биде предложен во текот на 2022 ние сме сигурни дека со подобрување на прибирање на приходите ќе се создадат дополнителни средства кои ќе бидат ориентирани во делот на капиталните инвестиции, изјави градоначалникот Биљал Касами.

Според него за овој буџет се предвидени минимални тековни активности како што се плати и некои проекти неопходни во делот на инфраструктура. Тој рече дека значително ќе се намалат средствата наменети за луѓе со договори на дело.

– Се работи за општинска администрација со решение за вработување кои ги штитит законокот, а има од нив кои не доѓаат на работа и не ги извршиуваат работни задачи, за што ќе се преземат соодветни мерки. Има некои неопходни активности кои се вон систематизација. Една таква е и легализација на дивоградби каде не е предвиден процесот на систематизација за постојните активности кај веќе вработени за што ќе ни требаат дополнително ангажирање на луѓе кои ќе се занимаат со таа проблематика. Досега биле предвидени околу 400 договори на дело за кои биле определени 54 милиони денари за хонорари. Сега ќе бидат предвидени само седум милиони денари за ангажирање на професионалци, пример за експерти за ДУП и ГУП, тоа ќе бидат 15-20 луѓе за конкретни активности, изјави Касами.

За буџетот гласаа 18 советници, додека 12 беа воздржани. За разликата од 33 милиони денари, 28 милиони ќе се надминуваат со кредити

Би можело да ве интересира

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Фирмата на семејството Дестани која требаше да ја гради фабриката за автомобили во Тетово оди во стечај

Орце Костов

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Тетовка излажала познаник дека ќе се венчаат, па го ограбила

Горан Наумовски