Општина Шуто Оризари: Во населбата нема 130 заразени со жолтица

Од:

Општината Шуто Оризари соопшти дека остро ги осудува сите обвинувања дадени на прес-конференцијата на Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во врска со опасноста од жолтица во општината и од инертноста на здравствените власти да се справат со заразата.

„Не е вистина дека во населбата Шуто Оризари има повеќе од 130 граѓани заразени од жолтица. За жал, Мила Царовска се повикува на лични и од рака изнесени информации. Вистинските информации ги има Институтот за јавно здравје и ја упатуваме претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ да ги провери. Општината Шуто Оризари ги превзема сите потребни мерки против ширењето на заразната болест жолтица. Вклучени се училиштата, градинките, наставниците, самите родители, невладини организации и здравствени домови“, се наведува во соопштението од Општина Шуто Оризари.

Од општината велат дека Царовска треба да биде информирана дека општината Шуто Оризари, Градот Скопје и „Водовод и канализација“, наскоро ќе го поставеле новиот водоводен систем во Шуто Оризари со што ќе се подобрело водоснабдувањето во целата општина. Проектот опфаќа изградба на пумпна станица, потисен цевовод до постојните резервоари и нови резервоари чија вредност на инвестиција ќе чини 2,5 милиони евра.

„Овој факт ја докажува намерата на Владата на Република Македонија за подобрување на животот на граѓаните од Шуто Оризари. Пред да се изнесат било какви информации, истите треба да бидат проверени и точни. Апелираме до медиумите да информираат совесно и објективно и да проверуваат информации пред да објават било каква вест поврзана со општината Шуто Оризари“, соопштија од оваа скопска општина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дисциплинска за полицајците кои ги туркаа новинарите

Кристијан Ландов

Решението Мијалков да биде пуштен од притвор до вечерва ќе биде пратено до „Шутка“

А1он

Приведен крадец во Шутка, украдените премети вратени на сопственикот

А1он

Тинејџер пронајден мртов во Шутка

Жарко Настоски

Млада гостиварка насила ја омажиле во Шутка, пријавила во полиција дека ја силувале

Жарко Настоски

Притвореник од затворот во Шутка починал од срцев удар, посмртно утврден коронавирус

А1он