Општина Сарај: Не добивме владина финансиска подршка бидејќи не блокира Изет Меџити

Од:

Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции. Односно, главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена од Изет Меџити, кој и после четири месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за патот во село Ласкарци, велат од Општина Сарај.

Од оваа скопска локална самоуправа додаваат дека ресорното министерството според предвидените рокови со закон, требало да даде согласност најкасно до 19
јули 2024 година, кое сеуште не го сторилa.

„Истотака, општината за овие обструкции го извести писмено и Министерството за локална самоуправа. Истотака, владата не го подржи и вториот проект, односно, проектот за патот Долно Свиларе – Горно Свиларе, кое ги има сите потребни технички документи. Затоа, не можете да ги измамите жителите на Сарај дека се грижите и сте подготвени како централна власт да помогнете и да издвоите средства за проекти кои доаѓаат од оваа општина. Немојте повеќе со измислици и празни изјави, само дајте согласност за предметниот проект и не го чувајте во “фиока” како што тоа го правите од јули оваа година“, се вели во реакцијата од Општина Сарај.

Би можело да ве интересира

Меџити: На секој Албанец му се дава шанса за вработување во администрација – шерифите од Речица остануваат без работа

А1он

Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции, тврди Левица

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

Меџити: Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари

Меџити: Ќе има закон за правична застапеност во јавната администрација

Горан Наумовски

Меџити: Четворица пратеници од Европскиот фронт се префрлаат во ВЛЕН