Општина Куманово контра Шаќири: За реконструкцијата на училиштето во Агино село аплициравме лани, МОН не ни одговори

Од:

Општина Куманово ги отфрла и демантира обвинувањата од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири дека Општина Куманово нема аплицирано за добивање на средства за реконструкција на основното училиште во Агино Село каде што родителите во знак на револт не ги пуштија своите деца на првиот училишен ден.

Општина Куманово има аплицирано по јавниот повик на МОН за финансирање на објекти за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со Бр. 09-7738/1 од 30 јуни 2022 година и притоа доставила апликација, основен проект со содржина и ЦД пресметка, основен проект во хартиена форма и имотен лист од подрачната училишна зграда во с.Агино Село. Но, по година и пол од аплицирањето одговор од Шаќири оваа општина нема добиено.

„До Општина Куманово стигна барање од Совет на родители при ООУ “Кирил и Методиј” – с.Романовце, ПУ Агино Село и месна заедница Агино Село со архивски број на училиште 03-119 од 03.07.2023, со наш архивски Бр. 22 5240/1 од 03.07.2023 за најавен бојкот на настава за учебна 2023/2024 година и истото е препратено на министерот Јетон Шаќири со наш арх. Бр. 22 5240/2 од 05.07.2023 и со потсетување од наша страна дека ние како Општина Куманово имаме аплицирано за реконструкција на училишниот објект уште во 2022 година.
До МОН имаме доставено предмет барање информации по јавен повик за изградба, доградба, надградба и реконструкција на основни и средни училишта со бр.22-5279/1 од 05.07.2022. Барањето е доставено за добивање на информација, дали аплицираниот проект е веќе рангиран, односно, дали е извршен негов избор поради начелото на итност на постапката.

До сега немаме добиено никаков одговор, туку само усмени ветувања од министерот Шаќири дека проектот ќе биде реализиран“, велат од општина Куманово.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на првиот училиштен ден од Куманово ги повика надлежните од училиштето „Кирил и Методиј“ од кумановското Агино село да ја донесат потребната и целосната документација за санација на подрачното рурално училиште. Тој кажа дека не е доставена целосната документација за реконструкција на училиштето што беше причина што родителите да не ги пуштат на настава своите деца.

„Според законот за основно и средно образование основач на основните и средните училишта се и локални самоуправи при секој повик и објава на МОН локалните самоуправи треба да достават целосно комплетиран проект до Министерството за тој проект да се предвиди во програмата. Во последниве две години, вчера побарав комплетна информација, дали е доставена комплетна документација за конкретното училиште во МОН во повикот, одговорно тврдам и ги повикувам и директорот и сите од понеделник да присуствуваат во мојот кабинет, зошто не се доставени документите во МОН.

Тоа значи дека треба да имаат дозволи за градба, дозвола за реконструкција и други потребни документи за ние да можеме да ја внесеме во програмата. Одговорно тврдам дека на сите родителите и на вработените ако ги достават во најбрз можен рок јас како министер, зашто не е големо училиштето не треба да учат учениците во такви услови заедно со претседателот на Влада на правата наредна седница ќе направиме измена на програма, ќе комплетираме, обезбедиме и реорганизираме од буџетските средства да тие деца да имаат подобри услови во наредниот период“, кажа министерот.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите