Општина Дебрца го одбележа патрониот празник

Од:

Со низа свечености денеска беше одбележан 3 октомври – Денот на Општината Дебрца. Чествувањето започна со полагање цвеќе во селото Црвена Вода, пред спомен-обележјето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ, а потоа продолжи со откривањето на реновираниот споменик од Трајче Дојчиноски во село Белчишта.

Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајковски во обраќањето пред сограѓаните истакна дека 3 октомври како празник не е посебен само за Дебрца, туку и за Македонија, бидејќи тогаш се обединува народот со повик да се вклучи во ослободувањето на својата земја.

– Дебрца е поим за слободарски дух, за силна желба за самостојност, Дебрца е поим за хероизам и саможртва, за неисцрпна енергија и љубов од сите и кон сите. Ние, Дебрчани сме горди на нашето минато, на нашите вечни слободарски идеали со кои и денес чекориме, обидувајќи се да и дадеме нова смисла и нов квалитет на нашата општина, на животот во неа, на обидите нашите поколенија кои се задоени со вербата во Македонија како единствена роднина, да имаат подобар и посигурен живот. Можеби не успеваме во целост да реализираме некои идеи и желби, заложби и соништа, но имајќи ги во доволен број трасираме пат кон подобра иднина за нашите деца, за нашата Дебрца, истакна Трајковски.

На 3 октомври 1943 година во селото Црвена Вода беше донесен Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ, во време кога на чело на Генералштабот беше Михајло Апостолски. Во документот беше претставена платформата на НОБ и државноста на Македонија, а Манифестот е потпишан од страна на сите тогашни членови со полни имиња, со цел да се отстранат сомнежите од тогашната пропаганда дека за ослободувањето на Македонија не се борат Македонци, како и да се минимизира целото народноослободителско движење.

Би можело да ве интересира

Жена од охридско се загубила синоќа берејќи печурки, пронајдена е утрово

Катерина Ѓуровски

Фатен жител на Мешеишта кој за време на полициски час палел коли на шумски полицајци

Жарко Настоски

Градоначалникот на Дебрца наместо да ги почитува, се исмева со препораките за заштита од коронавирусот

Градоначалникот на Дебрца се гушка и слика со граѓани, наместо да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот

Кристијан Ландов

Авионите вклучени во гаснењето на пожарот во Дебрца

А1он

Филипче од Дебарца: Со Пендаровски заедно одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите деца

Татјана Ташкова