Општина Центар: Жално е што „Фокус“ пласира тенденциозни и манипулативни текстови за да се оцрни работењето на Жерновски

Од:

„Зачудувачки и жално е што реномиран медиум како „Фокус“ пласира тенденциозни и манипулативни текстови со цел да се оцрни работењето на градоначаланикот Жерновски и Општина Центар. Покрај тоа што текстот содржи низа политички и историски грешни информации, тој преку презентирање на неточни податоци за тендер во општината, се обидува да прикаже лажни врски и бизнис зделки во кои наводно е вмешан градоначалникот.

Во продолжение е вистината за овој текст и тендерот кој се споменува, со релеванти изводи од тендерската документација. Општина Центар секоја година добива признание за најчисто и транспаренто работење, и во тој дух ви ги приложуваме документите за да ги отфрлиме овие лаги. Го повикуваме новинарот Влатко Стојановски во рок од 48 часа да се извини за напишаното, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета. Срамно е за новинар кој е добитник на награда за истражувачко новинарство да пишува вакви невистини.

Еве ја вистината. Прво, новинарот сугерира дека е сомнително што двата други понудувачи биле дисквалификувани.

Вистината е дека двата други понудувачи биле дисквалификувани заради недвосмислени недостатоци во документацијата. Документот е во прилог. Првиот немал поднесено банкарска гаранција од 3%, а вториот имал формален недостаток каде доставил две понуди со различни цени за истата набавка, што автоматски според законот за јавни набавки се дисквалификува.

Второ, лага е дека тендерот бил склучен за 30.000 евра повеќе од неговата проценета вредност. Проценетата вредност на тендерот е 12.000.0000 денари и договорот е склучен во рамки на таа цена. Договорот е јавно достапен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Бидејќи новинарот истражувал, не е можно тоа да не го видел, туку свесно манипулирал.

За овој дел од текстот ќе добие тужба доколку не се извини.

Трето, општина Центар во сите тендери бара пресметка за три години, но не и за последната како што тоа единствено точно го кажува новинарот. Тоа е така затоа што УЈП некогаш ги нема изработено пресметките за компаниите за последната година во законскиот рок до февруари, туку пролонгира до мај. Затоа, за тендери објавени во март и април (како што е овој тендер) не се бара пресметака за последната година. Целта е да се отвори можност сите компании да може да партиципираат, а не само оние кои веќе имаат пресметка од УЈП. Тоа е во духот на транспарентноста и конкурентноста, а не обратно како што сакал да прикаже новинарот. Покрај ова, новинарот и за друго свесно манипулирал со фактите. Имено, кога веќе ги проверувал завршните сметки на компанијата за тие три години, сигурно го видел завршното салдо и за годината која недостига, но намерно го сокрил. Тоа е така затоа што компанијата и таа година имала доволен обрт на средства и покрај тоа што не било задолжително да има.

Четврто, новинарот манипулира со бројот на вработени иако се обидува да се огради во последниот параграф. Сепак, јавноста мора да ја знае вистината. Во продолжение е точната формулација на условот за вработени: “Понудувачот треба да располага со 15 лица вработени во редовен работен однос, но само 5 да се вработени во редовен однос кај носителот на понудата“. Ова е повторно пракса единствено на Општина Центар секогаш изричито да бара „редовно вработени“ лица. Целта е да се намали можноста за ангажирање на хонорарци и дирекно да се влијае за пдобрување на пазарот на труд.

Општина Центар цели четири години беше изложена на инспекции и контроли. Во рамки на финансиската полиција, според наши информаци, имало специјлано задолжени луѓе да ги следат јавните набавки и најдат сомнителни зделки. Го охрабруваме новинарите да истражуваат и укажуваат на можни случаи за корупција или нелегално работење, но не и да манипулираат“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on