Општина Битола ќе бара санирање на мерната станица

Од:

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска на новинарско прашање ја коментираше актуелната состојба со неработењето на мерната станица 2 во центарот на Битола, при што информираше за преземените чекори по ова прашање.

„Одржувањето на мерната станица и нејзиното функционирање се во надлежност на Министерството за животна средина. Она што локалната самоуправа го направи, е издаденото барање до инспекторот за животна средина во Општина Битола, да испрати допис до Министерството за животна средина, како би се иницирало практично акцелерирање на мерната станица“, посочи Петровска.

Во однос на ова прашање, на седницата на Советот на Општина Битола одржана на 24.10.2018 година, беше донесена одлука со која се задолжува градоначалникот на Општина Битола согласно Законот за локална самоуправа и Статутот на Општината Битола, да преземе мерки за санација и враќање во функција на мерната станица Битола 2.

Претходно, Петровска се сретна и со претставници на организации од невладиниот сектор, кои работат на областа на животната средина. Дел од нив предложија конкретни мерки, кои понатаму треба да се земат во предвид при изготвувањето на годишната програма за работа на општината на полето на унапредување на заштитата на животната средина.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов